А дадеја Јана

A dadeja Jana

А дадеја Јана

А дадеја Јана многу надалеку,
многу надалеку, преку две-три гори,
преку две-три гори и четири реки.
Три години Јана откак' е мажена,
дума не продума, ни се насмејала.

Јаниниот свекор вели, ем говори:
- Снаи, мили снаи, девет мили снаи,
облечете Јана в' белата промена
и ја прошетајте в' новата градина.

На јаболка кука жална кукавица,
тогај Јана дума, дума продумила:
- Кукај кукавице, и ти како мене,
и ти како мене, без мајка и татко,
без мајка и татко, без браќа и сестри. 

A dadeja Jana

A dadeja Jana mnogu nadaleku,
mnogu nadaleku, preku dve-tri gori,
preku dve-tri gori i chetiri reki.
Tri godini Jana otkak' e mazhena,
duma ne produma, ni se nasmejala.

Janiniot svekor veli, em govori:
- Snai, mili snai, devet mili snai,
oblechete Jana v' belata promena
i ja proshetajte v' novata gradina.

Na jabolka kuka zhalna kukavica,
togaj Jana duma, duma produmila:
- Kukaj kukavice, i ti kako mene,
i ti kako mene, bez majka i tatko,
bez majka i tatko, bez brakja i sestri. 



Date added: 22.02.2016
Popularity: 1029
Rating: 4 from 3 votes