Што си поминав и се прелагав

Shto si pominav i se prelagav

Што си поминав и се прелагав

Што си поминав и се прелагав
покрај трите, најубавите,
лични како црвен трендафил.

Трите на порти стоеја,
личните сестри убави,
китки трендафил носеа,
китки трендафил в' пазуви,
а најмалото носеше
китка трендафил на гради.

А најмалото најубавото,
со око што ми намигна,
со китка фрли по мене,
со китка црвен трендафил.

Китка трендафил си зедов
и знак за љубов ѝ дадов,
со око што ѝ намигнав,
со нога што ѝ потропнав.

Shto si pominav i se prelagav

Shto si pominav i se prelagav
pokraj trite, najubavite,
lichni kako crven trendafil.

Trite na porti stoeja,
lichnite sestri ubavi,
kitki trendafil nosea,
kitki trendafil v' pazuvi,
a najmaloto noseshe
kitka trendafil na gradi.

A najmaloto najubavoto,
so oko shto mi namigna,
so kitka frli po mene,
so kitka crven trendafil.

Kitka trendafil si zedov
i znak za ljubov ì dadov,
so oko shto ì namignav,
so noga shto ì potropnav.



Date added: 03.10.2009
Popularity: 5845
Rating: 4.33 from 6 votes