Погинал Стојан, загинал

Poginal Stojan, zaginal

Погинал Стојан, загинал

Погинал Стојан, загинал,
во таа борба нерамна.
Не ми е Стојан загинал
туку е Стојан затворен.
Не ми е Стојан загинал,
тук' ми е Стојан затворен.

Турци го Стојан фатиле
в' зандани го затвориле.
Нарачал Стојан, порачал,
како да знае мајка му
да му испрати сликата,
слика од лична Калина.

Турци на Стојан велеа:
- Дај ни ја Стојан Калина,
дај ни ја Стојан Калина,
ние ќе тебе Стојан пуштиме.
Дај ни ја Стојан Калина,
ние ќе тебе пуштиме.

Стојан на Турци велеше:
- Девет години сум лежал
и уште девет ќе лежам,
Калина не ви ја давам.
И уште девет ќе лежам,
Калина моја ќе биде.

Poginal Stojan, zaginal

Poginal Stojan, zaginal,
vo taa borba neramna.
Ne mi e Stojan zaginal
tuku e Stojan zatvoren.
Ne mi e Stojan zaginal,
tuk' mi e Stojan zatvoren.

Turci go Stojan fatile
v' zandani go zatvorile.
Narachal Stojan, porachal,
kako da znae majka mu
da mu isprati slikata,
slika od lichna Kalina.

Turci na Stojan velea:
- Daj ni ja Stojan Kalina,
daj ni ja Stojan Kalina,
nie kje tebe Stojan pushtime.
Daj ni ja Stojan Kalina,
nie kje tebe pushtime.

Stojan na Turci veleshe:
- Devet godini sum lezhal
i ushte devet kje lezham,
Kalina ne vi ja davam.
I ushte devet kje lezham,
Kalina moja kje bide.



Date added: 07.09.2011
Popularity: 5992
Rating: 4.57 from 7 votes