Прошетал Димчо, рашетал

Proshetal Dimcho, rashetal

Прошетал Димчо, рашетал

Прошетал Димчо, рашетал,
низ јуручките маала.

Го догледале анами,
анами млади кадани.

Анами на Димчо говорат:
- Елај си Димчо на кула,
да пиеш лута ракија,
да пиеш лута ракија,
да јадеш мезе сирење.

Димчо на анами говори:
- Анами млади кадани,
не ме земајте на душа,
јуруци ќе ме заколат!


Забелешка: зборот „кадани“ означува угледни жени, домаќинки, а „јуруци“ се засебна турска етничка група што живее во југоисточниот дел на Македонија, а потекнува од Анадолија.

Proshetal Dimcho, rashetal

Proshetal Dimcho, rashetal,
niz juruchkite maala.

Go dogledale anami,
anami mladi kadani.

Anami na Dimcho govorat:
- Elaj si Dimcho na kula,
da piesh luta rakija,
da piesh luta rakija,
da jadesh meze sirenje.

Dimcho na anami govori:
- Anami mladi kadani,
ne me zemajte na dusha,
juruci kje me zakolat!


Zabeleshka: zborot „kadani“ oznachuva ugledni zheni, domakjinki, a „juruci“ se zasebna turska etnichka grupa shto zhivee vo jugoistochniot del na Makedonija, a poteknuva od Anadolija.



Date added: 31.10.2012
Popularity: 4009
Rating: 4.2 from 20 votes