Излегов да се прошетам

Izlegov da se proshetam

Излегов да се прошетам

Излегов да се прошетам
низ ресенските улици,
таму го најдов либето,
со друго либе стоеше.

Со друго либе стоеше,
мојте ги писма читаше,
мојте ги писма читаше,
мојот го прстен даваше.

Тогаш го лудо проколнав:
девет години да лежи,
девет години да лежи,
девет постели да смени.

Кога ќе умрам, мајко ле,
другарки да ме облечат,
другарки да ме облечат,
другари да ме однесат. 

Izlegov da se proshetam

Izlegov da se proshetam
niz resenskite ulici,
tamu go najdov libeto,
so drugo libe stoeshe.

So drugo libe stoeshe,
mojte gi pisma chitashe,
mojte gi pisma chitashe,
mojot go prsten davashe.

Togash go ludo prokolnav:
devet godini da lezhi,
devet godini da lezhi,
devet posteli da smeni.

Koga kje umram, majko le,
drugarki da me oblechat,
drugarki da me oblechat,
drugari da me odnesat. 



Date added: 06.10.2013
Popularity: 2076
Rating: 4.57 from 7 votes