Три години јас те чекам

Tri godini jas te chekam

Три години јас те чекам

- Три години јас те чекам
да пораснеш, да те земам.
- Ах море либе, брзо дојди,
болна лежам за тебе.

- Ако дојдам да те сакам,
твојот татко не те дава.
- Ах море либе, брзо дојди,
јас ќе бегам бегалка.

Кој што љуби, грев не чини,
тоа го знаат и старите.
Затоа лудо не чекај,
испрати сватови.

- Прстен купив, бурмајлија,
утре идам да те сакам.
- Немој лудо, не се троши,
јас сум твоја без прстен.

- И за твојте гради купив
кован ѓердан, старо злато.
- Немој лудо, не се троши,
јас сум твоја без прстен.

Кој што љуби, грев не чини,
тоа го знаат и старите.
Затоа лудо не чекај,
испрати сватови.

Tri godini jas te chekam

- Tri godini jas te chekam
da porasnesh, da te zemam.
- Ah more libe, brzo dojdi,
bolna lezham za tebe.

- Ako dojdam da te sakam,
tvojot tatko ne te dava.
- Ah more libe, brzo dojdi,
jas kje begam begalka.

Koj shto ljubi, grev ne chini,
toa go znaat i starite.
Zatoa ludo ne chekaj,
isprati svatovi.

- Prsten kupiv, burmajlija,
utre idam da te sakam.
- Nemoj ludo, ne se troshi,
jas sum tvoja bez prsten.

- I za tvojte gradi kupiv
kovan gjerdan, staro zlato.
- Nemoj ludo, ne se troshi,
jas sum tvoja bez prsten.

Koj shto ljubi, grev ne chini,
toa go znaat i starite.
Zatoa ludo ne chekaj,
isprati svatovi.



Date added: 19.01.2014
Popularity: 1934
Rating: 4.67 from 6 votes