Седнал Осман да плачи

Sednal Osman da plachi

Седнал Осман да плачи

Седнал Осман да плачи
во сабота навечер
и анчето до него,
на колено му седеше.

Ај, на колено му седеше
и на Османа думаше:
- Ај слушај, слушај Османе,
од Србија не плаши се.

Од Србија не плаши се,
Б'лгарија не бој се.
Од Б'лгарија не бој се,
од Грција страв немај.

- Ај ќути, ќути анамо,
Србин е Куманово.
Србин е Куманово,
Б'лгарин e Лозенград.
Б'лгарин е Лозенград,
Грци дошле Јанина.

Sednal Osman da plachi

Sednal Osman da plachi
vo sabota navecher
i ancheto do nego,
na koleno mu sedeshe.

Aj, na koleno mu sedeshe
i na Osmana dumashe:
- Aj slushaj, slushaj Osmane,
od Srbija ne plashi se.

Od Srbija ne plashi se,
B'lgarija ne boj se.
Od B'lgarija ne boj se,
od Grcija strav nemaj.

- Aj kjuti, kjuti anamo,
Srbin e Kumanovo.
Srbin e Kumanovo,
B'lgarin e Lozengrad.
B'lgarin e Lozengrad,
Grci doshle Janina.



Date added: 06.05.2014
Popularity: 1414
Rating: 3.5 from 2 votes