Бог да бие кочански сејмени

Bog da bie kochanski sejmeni

Бог да бие кочански сејмени

Бог да бие кочански сејмени, џанам,
што спаднале во село Зрновци.
- Ој ле вие, зрновски селани, џанам,
нема веќе зрновски комити?

Ми собрале зрновски селани, џанам,
ги однеле горе на сред село.
Ги одвеле горе на сред село, џанам,
на сред село, таму кај чешмата.

Уште зборот не ми го дорекле, џанам,
се собрале зрновски комити.
Загрмеа бомби и куршуми, џанам,
истераа кочански сејмени. 

Bog da bie kochanski sejmeni

Bog da bie kochanski sejmeni, dzhanam,
shto spadnale vo selo Zrnovci.
- Oj le vie, zrnovski selani, dzhanam,
nema vekje zrnovski komiti?

Mi sobrale zrnovski selani, dzhanam,
gi odnele gore na sred selo.
Gi odvele gore na sred selo, dzhanam,
na sred selo, tamu kaj cheshmata.

Ushte zborot ne mi go dorekle, dzhanam,
se sobrale zrnovski komiti.
Zagrmea bombi i kurshumi, dzhanam,
isteraa kochanski sejmeni. 



Date added: 17.05.2014
Popularity: 1895
Rating: 4.67 from 6 votes