Dragan Dautovski kvartet

Драган Даутовски е роден во 1957 година во село Русиново, Берово, Македонија. Тој е музиколошки експерт кој мајсторски свири на повеќе од 20 народни инструменти. Единствено Даутовски свири и на уникатната теракотна топчеста флејта – окарина, која датира од неолитскиот период и чија старост е проценета на над 6000 години, а пронајдена е во 1989 година на археолошкиот локалитет „Мрамор“ до населбата Чашка во близината на Велес. Флејтата изворно има три тона што се добиваат од три отвора поставени во вид на триаголник, а Даутовски успеа на неа да отсвири дури 16 тонови.

По пишувањето на музиката за филмот „Пред дождот“, во 1995 година ја основа групата„ДД Синтезис“, чија основна идеја била да го проучува македонскиот музички фолклор и фолклорното богатство.

Драган Даутовски е автор на бројни албуми и дела за инструментални состави и вокални солисти, групи и оркестри, кои вклучуваат народни македонски инструменти. Овој музичар бил препознаен и од УНЕСКО во 2007 година. Одржал голем број концерти и со настапи на музички фестивали низ целиот свет го промовирал македонскиот автентичен, традиционален етно звук. Од неговиот разновиден репертоар извира суптилна уметничка креативност, особено кога неговото виртуозно музицирање на малата топчеста флејта досегнува своевидна перфекција и искажувајќи го неискажливото, го буди сензибилитетот на древните времиња.

The table below lists songs that feature recordings made by Драган Даутовски квартет. Click on a song name to see the lyrics and more info, or click on a download link to play the corresponding audio sample.

# Song title Audio samples
1 Ајде не ти личи Дафино моме download
2 Зајди, зајди јасно сонце download
3 Јасна Месечина download
4 Маце, маце, тече вода студена download
5 Молитва download
6 Море расти, расти ти малој моме download
7 Не си го продавај Кољо чифликот download
8 Ој Јано, Јано download
9 Ој Месечино, новино download
10 Ој, ти Пацо Дреновчанке download
11 Прошета се Јовка Кумановка download
12 Со маки сум се родила download
13 Учи ме мајко, карај ме download