Ajri Demirovski

Ајри Демировски (Битола, 1927 - Измир, Турција, 21 октомври 2009) е македонски музичар од турско потекло. Демировски е роден во 1927 година во Битола. Како млад го изучувал берберскиот занает кај Вангел Тодоровски - Мајорот, подоцнежен народен херој. По ослободувањето бил првиот ученик од Битола испратен во Загреб во графичкото училиште да го изучува печатарскиот занает. Но, во Битола тој никогаш не работел како печатар. Се вработил како чувар во Радио Битола. Работејќи во радиото имал несекојдневна прилика редовно да ги слуша во живо најпопуларните битолски и македонски пејачи. Тоа го поттикнало да почне да размислува во насока на создавање на нова македонска музика.

Демировски има компонирано над педесетина песни. Негови се популарните: „Мариче ле лично девојче“, „Таму ле мајко близу Битола“, „Само ти се чудам Цвето“, „Сношти те Маре сонував“, „За кого ти цути Дано лицето“, „Денот ми наблиза на гурбет да заминам" и многу други, за кои се смета дека се народни, бидејќи се општоприфатени и пејани. Најпопуларната меѓу нив е неговата антологиска песна „Битола, мој роден крај“, песна во која ја опеал својата огромна љубов кон родната Битола.

Ајри Демировски е прогласен за почесен граѓанин на Битола во 2006 година.

The table below lists songs that feature recordings made by Ајри Демировски. Click on a song name to see the lyrics and more info, or click on a download link to play the corresponding audio sample.

# Song title Audio samples
1 Битола, мој роден крај download