Што кучиња лајат, моме Елено

Што кучиња лајат, мори моме Елено,
кучиња лајат, лоши луѓе идат,
лоши луѓе идат, брата ти го тражат.
- Кажи го, кажи мори, моме Елено,
кажи го, кажи, брата ти Донча,
кажи го, кажи, брата ти Донча.

Ако не го кажеш, мори, моме Елено,
ќе ти исечеме таjа руса коса,
ќе ти извадиме тија црни очи.
Коси ѝ секоја, џанам, брата не кажува:
- Брат ми е Дончо у деда на гости,
брат ми е Дончо у деда на гости.

- Кажи го, кажи, мори моме Елено,
кажи го, кажи, брата ти Донча,
ако не го кажеш, ќе ти исечеме.
Ќе ти исечеме, мори моме Елено,
ќе ти исечеме раце до рамена,
ќе ти исечеме нозе до колена.

Нозе ѝ скршија џанам, раце ѝ секоја,
раце ѝ секоја, брата не кажува:
- Брат ми е Дончо, у деда на гости.
Лена оставија џанам, жена му фатија:
- Кажи го, кажи млада Дончевице,
кажи го, кажи, мажа ти Донча.

Кажи го, кажи млада Дончевице,
кажи го, кажи, мажа ти Донча,
ако не го кажеш, ќе ти заколеме.
Ако не го кажеш, мори млада Дончевице,
ќе ти заколеме това машко дете,
ќе ти заколеме това машко дете.
- Дете не колите, море клети арамии,
маж ми е Дончо, доле во избата,
доле во избата, у средна фучија.
Забелешка: „Фучија“ значи буре, бочва.