Таму долу Битола

Таму долу Битола, кај што Драгор тече,
мајка жали и плаче, од утро до вечер,
мајка жали и плаче, од утро до вечер.
- Дигни ми се пиленце, стани чедо мило,
дарови ми те чекаат и прво венчило,
дарови ми те чекаат и прво венчило.

- Ти ме мајко омажи, мене не ме праша,
ете ти го, сакај го него место мене,
ете ти го, сега него место мене.
Јас не сум го сакала, па сум се убила,
ништо мајко на светот не бива со сила,
ништо мајко на светот не бива со сила.

Ти ме мајко омажи, мене не ме праша,
ете ти го, сега него место мене,
ете ти го, сега него место мене.
Мајка зеде ноженце, во срце го забоде,
Пелистер се расплака, дробни солзи пролеја,
Битола се расплака, дробни солзи пролеја.