Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Решив да си се оженам

Решив да си се оженам
за едно младо девојче,
за едно младо,
за едно младо девојче.

Тоа ми побара пендарче.
Утре ќе одам град Скопје,
утре ќе одам,
утре ќе одам град Скопје.

- Рачај, порачај либе ле,
што бакшиш сакаш отаде,
што бакшиш сакаш
отаде да ти донесам?

- Отаде да ми донесеш
за бело грло ѓерданче,
за бело грло,
за бело грло ѓерданче.
Забелешка: „Пендар“ значи украс кој виси на ѓердан, најчесто златна или сребрена монета.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Кирил Манчевски - Решив да си се оженам

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Кирил Манчевски