Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Песна за Самуил

Самуиле, цар македонски,
оздола иде твојата војска,
право иде во Могила.
Во Могила, кон калето,
кон тврдината, право кај тебе.

Леле, леле Самуиле,
целата војска ти ослепела,
езерото се разбесна,
а небото се затемна,
старо и младо се расплака.

- Ој ти војско, моја војско,
верна ми беше и одана,
се бореше, победуваше.
Јас не можам ослепени
да ве гледам и умирам.

Еден војник проговара:
- Нашите деца ќе пораснат,
ќе се борат за слобода.
За слобода, за Македонија,
наша лична татковина.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Ангелко Спироски - Песна за Самуил

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Ангелко Спироски