Чиво е ова девојче

Чиво е ова девојче,
што рано оди на вода
со две стомни шарени,
со два ибрика стребрени?

- Невесто, око калешо,
што кротко одиш на вода,
дали ти тежат стомните
или ти тежи стреброто?
Забелешка: Песната е дел од свадбарските обичаи во Струшка Малесија.
I do not have a recording of this song. Do you? Help this collection by sending it to [email protected]. Thanks!