В' градина моме седеше

В' градина моме седеше и сокол пиле молеше:
- Соколе пиле, соколе, јас ќе те нешто замолам,
летни ми соколе, летни ми пиле, одлетај,
летни ми соколе, летни ми горе, високо.

Либето ми е далеку, во таа пуста туѓина,
да летнеш пиле, одлеташ, да видиш либе што прави,
дали е уште мој или си друга љуби тој,
дали е уште мој или си друга љуби тој?

Летна ми сокол одлета, летна ми горе високо,
оттаму либе здогледа, друго си моме љубеше.
Назад си полета и во градина долета,
до моме застана и на моме говори:

- Твоето либе лажно е и друго моме си љуби,
ах, твојто срце тажно е, поарно што го изгуби,
не жали за него, ти друго либе барај си,
не жали за него и друго либе најди си.