Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Кој ти го тури, жено

Кој ти го тури, жено, кој ти го тури,
кој ти го тури жено, името твое?
- Кумот ми го тури, мажу, кумот ми го тури,
кумот ми го тури мажу, името мое.

Голем ти беше, мажу, голем ти беше,
голем ти беше мажу, меракот по мене.
- Мала ти беше, жено, мала ти беше,
мала ти беше жено, љубовта твоја.

Дебел ти беше, мажу, дебел ти беше,
дебел ти беше мажу, зимскиот капут.
- Тесна ти беше, жено, тесна ти беше,
тесна ти беше жено, десната чевла.

Не си го ставај, жено, не си го ставај,
не си го ставај жено, капчето на глава!
- Не ми ја фаќај, мажу, не ми ја фаќај,
не ми ја фаќај мажу, новата фризура.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Иван Узунов, Виолета Митева - Кој ти го тури, жено

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Иван Узунов
  2. Виолета Митева