Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Вино, вино

Вино, вино,
има ли некој кој не сака,
црвено вино да пие?
Убави песни, тој да слуша,
што пее мома в' меана.

Наминете во меана,
вино нарачајте,
убави моми в' пресрет ви идат
со мили насмевки.

Вино, вино,
има ли некој кој не сака,
денот весел да му е?
Душата маки што му ја стегаат
со вино да ги раскине.

Наминете во меана,
вино нарачајте,
таги и маки, сè што ве мачи,
на живот пуштете.

Вино, вино,
има ли некој кој до сега
не наминал в' меана?
Побара вино, убава песна,
песна за искрена љубов.

Наминете во меана,
песни послушајте,
меанска мома, судбина чита,
песни ви одбира.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Томе Чрчев, Славка Чрчева - Вино, вино

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Томе Чрчев
  2. Славка Чрчева