Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Дувни ми бел ветре

Дувни ми, дувни, бел ветре,
разлулај гора зелена,
растопи бели снегови.
Растопи бели снегови,
отвори пат за Драма,
во Драма сакам да одам.

Во Драма сакам да одам,
там' има либе болничко
од дома да му донесам.
Од дома да му донесам
печено јагне герговско,
мелнишко вино црвено.