Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Не русај, прусај

Не русај, прусај,
пред мене, мори лепа,
не ми го гори срцето.
Стига е само горено, мори лепа,
горено, пепел сторено.

Лапка ќе фрла по тебе, мори лепа,
да се завртиш, да видиш,
да ти го вида лицето, мори лепа,
лицето бело, црвено.

Да ти го пиша на тефтер, мори лепа,
кога ќе ода на аскер,
ко ќе ми текни за тебе, мори лепа,
да го отвора тефтеро.

Да ти го вида лицето, мори лепа,
лицето бело, црвено,
да ми помини мерако, мори лепа,
мерако голем по тебе.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Бапчорки - Не русај, прусај
  2. Ethnusiasm - Не русај, прусај

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Бапчорки
  2. Ethnusiasm