Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Се собрале сватовите, румбаба

Се собрале сватовите, румбаба, румбаба,
ќе ми одат по невеста, румбаба, румбаба,
еј, море чудо бре, еј море јаваш бре,
еј, море чудо бре, каква свадба, аман бре?

Невестата од сто кила, голема, дебела,
а пак зетот половина од неа, на пола,
еј, море чудо бре, причувај се зете, бре,
еј, море чудо бре, што ќе биде со тебе?

Пуста река ми дотече, румбаба, румбаба,
ми однесе невестата, румбаба, румбаба,
еј море чудо бре, што се стори, аман бре,
еј, море чудо бре, невестата отиде!

Писна зетот да ми плаче, румбаба, румбаба,
- „Камо ми ја невестата?“, румбаба, румбаба,
еј, море чудо бре, аман молчи зетко бре,
еј, море чудо бре, друга ќе ти најдиме!

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Трпе Череповски, Јонче Христовски - Се собрале сватовите, румбаба
  2. Energy Band Skopje, Synthesis - Се собрале сватовите, румбаба

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Трпе Череповски
  2. Јонче Христовски
  3. Energy Band Skopje
  4. Synthesis