Тргна ми Ленка

Тргна ми Ленка на воденица,
жито да мели, бела пшеница.
Па ми товари, мори, криво магаре,
криво магаре, мори, баш магарица.

Ми ја причекал чичо Јанкула,
чичо Јанкула, стар мераклија:
- Постој невесто, мори, да ти помогнам,
вреќи да кренам, мори, да растоварам.

Не ѝ ги кренал тешките вреќи,
тук' ми ја грабнал убава Ленка.
Ем ја постегнал, мори, ем ја поштипнал,
на бело лице, мори, белег направил.

Писна ми Ленка: „Ох, леле, боже,
како ќе одам жива до дома“?
Белким мажот ми, мори, ќе ми опрости,
ама свекрва, леле, ќе ме раскости!