Што ми е мило ем драго, оф аман,
што ми е мило ем драго,
на Којник дуќан да имам, аман, аман,
на Којник дуќан да имам.
Којнички моми да гледам, оф аман,
којнички моми да гледам,
којнички ем бузанчанки, аман, аман,
којнички ем бузанчанки.
Кога ми одат на афион, оф аман,
кога ми одат на афион,
у Петрета зик тончето, аман, аман,
у Јована на Спасеви.
На Петрета аргатите, оф аман,
сè млади моми убави,
на Јована аргатите, аман, аман,
сè стари баби без заби.
Што ми е мило ем драго на Којник дуќан да имам
Забелешка: Којник е велешко маало.
If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!
Download MP3
Quality: up to 40kbps.
- Тринити бенд - Што ми е мило ем драго на Којник дуќан да имам
- Соната Велес - Што ми е мило ем драго на Којник дуќан да имам
- Распеани велешани - Што ми е мило ем драго на Којник дуќан да имам
- Круме Спасовски - Што ми е мило ем драго на Којник дуќан да имам
- Виртус Велес - Што ми е мило ем драго на Којник дуќан да имам
Performers
See more songs featuring audio samples by: