Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Ој ѕвездо, ѕвездо

- Ој ѕвездо, ѕвездо,
ѕвездо Денице,
на високо стоиш ѕвездо,
на далеку гледаш.
Ај дали го виде, ѕвездо,
мојто мило чедо?

- Ајде ме прашаш, бабо,
право ќе ти кажам:
твојто мило чедо, бабо,
во една гемија.
Во една гемија,
во длабоко море.

Таксај што ќе таксаш, бабо,
на Св. Илија,
море да разниша, бабо,
гемија да тргне.
Гемија да тргне, бабо,
син ти да си дојде.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Маргица Антевска - Ој ѕвездо, ѕвездо

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Маргица Антевска