Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Песна за Овчарани

Си прошетав, мила мамо,
леринските села.
Си застанав во Овчарани,
крај црквата бела.

Таму си најдов Македонци,
стари и млади овчаранци,
комитски песни пееа,
пуштено оро играа,
Илинден, мајко, славеа
и од радост солзи ронеа.

Си заплакав и јас, мамо,
си проронав солза
за судбина клета наша,
за егејската мака.

Таму си најдов Македонци,
стари и млади овчаранци,
комитски песни пееа,
пуштено оро играа,
Илинден, мајко, славеа
и од радост солзи ронеа.

Ќе прошетам, мила мамо,
леринските села,
ќе раскажам за Овчарани,
за црквата бела.

Таму си најдов Македонци,
стари и млади овчаранци,
комитски песни пееа,
пуштено оро играа,
Илинден, мајко, славеа
и од радост солзи ронеа.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Сузана Спасовска - Песна за Овчарани

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Сузана Спасовска