Тебе да те пленат, моме мариовско

На јанбаро седет, Недо мори,
на јанбаро седет,
Недо мори, Нешо мори,
до тровица Турци.

До тровица Турци, Недо мори,
до тровица Турци,
Недо мори, Нешо мори,
Турци јеничари.

Турци јеничари, Недо мори,
Турци јеничари,
Недо мори, Нешо мори,
двајца беглерџии.

Двајца беглерџии, Недо мори,
двајца беглерџии,
Недо мори, Нешо мори,
а третио ушак.

Турски зборуваја, Недо мори,
турски зборуваја,
Недо мори, Нешо мори,
тебе да те земат.

Тебе да те земат, Недо мори,
тебе да те пленат,
Недо мори, Нешо мори,
моме мариовско.

Тебе да те пленат, Недо мори,
тебе да те носат,
Недо мори, Нешо мори,
дури во Јанино.

Кога те качиле, Недо мори,
кога те качиле,
Недо мори, Нешо мори,
пашини сараји.

Ти побело дојде, Недо мори,
ти побело дојде,
Недо мори, Нешо мори,
од белите булки.
Забелешка: Јанбаро е веројатно „амбарот“ на мариовски дијалект.
* Јеничари или јаничари се војници од Отоманската војска, најчесто составени од одземени деца од поробените земји.
* Беглерџии или бегликчии се собирачи на данок.
* Ушак значи курир или шпион.
* Сарај е луксузен имот на турски големец, како на пример султан или паша.
I do not have a recording of this song. Do you? Help this collection by sending it to [email protected]. Thanks!