Ој Јанкула мили синко

- Ој Јанкула мили синко,
малце куќа подрасипа
од пиење, од јадење
и од госје дочеквање,
сека вечер побратими,
а наутро посестрими.

Криво падна на Јанкула
и ми летна планината,
там' го нашол манастирот,
ми се сторил калуѓера.
Три години црн калуѓер
жива душа не видело,
угу една кукавица.

- Кукавице, мила сестро,
ќе те ватам посестрима,
ќе те пуштам мојто село,
мојто село, мојта куќа.
- Ој Јанкула, мило брате,
јас ти незнам твојто село,
твојто село, твојта куќа!

- Кукавице, мила сестро,
мојта куќа бележита,
со кале е заградена,
во калето три тополи,
а три чешми под тополи.
Прва тече студна вода,
друга тече баш ракија,
трета тече рујно вино.

И ми летна кукавица,
и ми пошла во селото,
во селото кај куќата,
ми застана на калето.
Кале било разурнато,
тополите исушени,
а чешмите пресекнати.

Кукавица три дни кука,
три дни кука и три ноќи,
жива душа не испадна.
Ми испадна една баба
со мутавче преврзана,
со капина опашана.

И ми летна кукавица
и ми пошла планината:
- Ој Јанкула мило брате,
кале ти се разурнало,
тополите с' исушиле,
а чешмите пресекнале.

Јас си кукав до три дена
до три дена и три ноќи,
жива душа не испадна.
Mи испадна една баба
со мутавче преврзана,
со капина опашана!
I do not have a recording of this song. Do you? Help this collection by sending it to [email protected]. Thanks!