Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Како пиреј

Со векови сме чекале, и нас сонце да нè грее,
името мило наше, цел свет да го пее.
А што ни се не сторија, брат од брата да се дели,
доцна легни рано стани, во пусти мугри бели.

Браќа, сестри, Македонци,
нема таква сила која може да нè раздели!
Браќа, сестри, Македонци,
како пиреј сечи, корни, нема да ја истреби.

Само некој гледа од горе,
сите маки тој ги знае.
Оваа земја раѓа, пее,
о боже, вечна да е!

Браќа, сестри, Македонци,
нема таква сила која може да нè раздели!
Браќа, сестри, Македонци,
како пиреј сечи, корни, нема да ја истреби.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Гоце Николовски - Како пиреј

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Гоце Николовски