Алов бајрак Македонски

Ќе ти купам, стара мајко, алова марама,
да навезеш, мила мајко, златен бајрак македонски.
Златен бајрак да развејам, мајко, срце изгоре
и крај Вардар и низ Пирин и крај Белото Море.

Ќе се качам, стара мајко, на Пирин Планина,
ќе ги удрам, мила мајко, Неврокопските камбани.
Па од Пирин ќе извикам: - Горе глава Македонци,
горе глава мили браќа, еј Пиринци, славни јунаци!

Па ќе слезам, стара мајко, Голо Брдо, Преспа,
ќе разшетам, мила мајко, егејските родни огништа.
Па во Солун ќе извикам: - Вечна слава гемиџии,
вечни да сме мили браќа, Македонци Беломорци!
I do not have a recording of this song. Do you? Help this collection by sending it to [email protected]. Thanks!