Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Мирка на Гинови

Мили боже, дал' ослепе,
тоа чудо да не видеш,
как' ја мачат таа жена,
как' ѝ вадат нежна душа?

Мирка, мајко, на Гинови,
роса в' темна зандана,
рано очи ѝ затворија,
руба, мајко, ѝ запалија.

Низ планини тажен одам,
в' далечини песна слушам,
темно пиле жално пее,
низ Почепската корија.

Мирка, мајко на Гинови,
роса в' темна зандана,
рано очи ѝ затворија,
руба, мајко, ѝ запалија.

Тивок ветер провејува,
за маките раскажува,
црна земја маченица
ми покрива гулабица.

Мирка, мајко на Гинови,
роса в' темна зандана,
рано очи ѝ затворија,
руба, мајко, ѝ запалија.
Забелешка: Песната е испеана во чест на Мирка Гинова (1916 - 1946), Македонка од Воденско, борец од времето на Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција. Заробена е од грчката војска при борба, измачувана, осудена и на крај стрелана.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Мице Димитров - Мирка на Гинови

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Мице Димитров