Пусти ти биле меаните Иле

Еј, море Илија,
зошто пиеш вино, ракија?
Еј, не си бекрија,
меанџика да те успива.
Еј, Иле, Илија,
сите порти ги затворија,
еј, а ти остана
пак во таа пуста меана.

Пусти ти биле меаните Иле
и тоа вино црвено,
а јас те чекам дома да ми дојдеш,
во бела мека постела.