Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Ајде пукна пушка

Ајде пукна пушка
во чикма одаја,
ајде пукна пушка
во чикма одаја.

Ајде, го удари
најдобриот јунак,
ајде го удари,
Лазо Асијата.

Ајде викна, писна,
најдобриот јунак,
ајде викна, писна
Лазо Асијата.

- Ајде немам мајка
рани да преврзе,
ајде немам сестри
крпи да исперат.

Ајде јас си имам
до два мили браќа,
они ќе си вратат
братовата крвца.
Забелешка: Во чест на кавадаречкиот комита Лазо Ридов-Асијата (1885 - 1911).

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Никола Бадев - Ајде пукна пушка

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Никола Бадев