- Мори сваќе, сваќе, пуста сваќе,
мори што ми даде пуста снаа,
мори за нива е мрзелива,
мори а за дома, ич не ја бива.
Мори јас ѝ реков да замете,
мори мете, мете, два дни, три дни,
мори мете, мете, два дни, три дни,
мори а ѓубрето зад вратата.
Мори јас ѝ реков да замеси,
мори си замеси ракавите,
мори си замеси ракавите,
мори и раците до лактите.
Мори ја гу пратив за на вода,
мори си искрши двете стомни,
мори си искрши двете стомни,
мори си загуби опинците.
- Море свате, свате, црни свате,
море каква снаа ти пак сакаш,
море бела, бела, ем дебела,
море за момчето арно ја бива.
Море свате, свате, пусти свате,
море каков зетко ти ми даде,
море во нозете испокривен,
море во грбот е подгрбавен.
Море во грбот е подгрбавен,
море на главата влакно си нема.
Мори сваќе
If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!
Download MP3
Quality: up to 40kbps.
- Блага Видец, Благој Петров - Караѓуле, Васка Илиева, Кочо Петровски - Мори сваќе
- Сузана Спасовска - Мори сваќе
Performers
See more songs featuring audio samples by: