Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Девојченце, ќе ти купам

- Девојченце, ќе ти купам ф'стан.
- Нејќум, бре тате нејќум,
дуњата цреша не бива,
тате бре, тате,
ти не ми го знаеш к'сметот.
- Дуњата цреша ќе биде,
ќерко ле, ќерко,
јас ќе ти го најдам к'сметот.

- Девојченце, ќе ти купам чевли.
- Нејќум, бре тате нејќум,
дуњата цреша не бива,
тате бре, тате,
ти не ми го знаеш к'сметот.
- Дуњата цреша ќе биде,
ќерко ле, ќерко,
јас ќе ти го најдам к'сметот.

- Девојченце, ќе ти купам момче.
- Сакам, бре тате, сакам,
дуњата цреша ќе биде,
тате бре, тате,
сега ми го најде к'сметот.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Васка Илиева, Кочо Петровски, Благој Петров - Караѓуле, Блага Видец - Девојченце, ќе ти купам

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Васка Илиева
  2. Кочо Петровски
  3. Благој Петров - Караѓуле
  4. Блага Видец