На кого е црна жената

На кого е црна жената, леле,
на кого е црна жената,
нему му пекмез не требе, леле,
нему му пекмез не требе.

На кого е бела жената, леле,
на кого е бела жената,
нему му симит не требе, леле,
нему му симит не требе.

На кого е дебела жената, леле,
на кого е дебела жената,
нему му јорган не требе, леле,
нему му јорган не требе.

На кого е висока жената,
на кого е висока жената,
нему му скала не требе, леле,
нему му скала не требе.

На кого е убава жената, леле,
на кого е убава жената,
нему му гости не требе, леле,
нему му гости не требе.

На кого е грозна жената, леле,
на кого е грозна жената,
нему му е мирна главата, леле,
нему му е мирна главата.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Васка Илиева - На кого е црна жената
  2. Мирвет Беловска - На кого е црна жената
  3. Анка Гиева - На кого е црна жената

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Васка Илиева
  2. Мирвет Беловска
  3. Анка Гиева