Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Проклето да е, приклето

Проклето да е, приклето,
кој си заљуби две моми,
Проклето да е, приклето,
кој си заљуби две моми
и двете в' едно маало,
Анка и Станка на едно.

- Ја стани Станке, отвори,
цигара да си запалам,
цигара да си запалам,
две думи да ти продумам.
- Не можам, лудо, да станам,
цел ден сум лојзе копала,
цел ден сум лојзе копала,
тешка мотика дигала.

Ја иди, лудо, при Анка,
Анка е дома седела,
Анка е дома седела,
бело е платно белела.
Бело е платно белела,
бело е лице измила,
бело е лице измила,
за тебе го исправила.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Радио студио Скопје, Група Билјана - Проклето да е, приклето

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Радио студио Скопје
  2. Група Билјана