Ѓурѓа пере во реката

Ѓурѓа пере во реката,
сејмен седи на меѓата:
- Мори Ѓурѓе, катиљ Ѓурѓе,
испери ми кошулава.

Испери ми кошулава,
три години не е прана.
Еј, мори Ѓурѓе, катиљ Ѓурѓе,
три години не е прана.

Три години не е прана,
до три прста кир фанала,
Еј, мори Ѓурѓе, катиљ Ѓурѓе,
до три прста кир фанала.

- Ој сејмене, млад сејмене,
јас не можам да те перам.
Јас не можам да те перам,
од сејмен кошула не перам.