Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Цвеќе цутеше

Цвеќе цутеше, мале,
во наш'та градина,
како да кандисам, мале,
да го искинам.

Да го искинам, мале,
и да го наредам,
да го наредам, мале,
во китка цвеќе.

Да го испратам, мале,
во апсаането,
во апсаането мале,
на моето либе.

Девет години, мале,
дома не е дошло,
а на десетта, мале
книга ми пратило.

- Мажи се, моме мори,
дури си млада,
цвеќе мирише мале
дури е росно,
а мома се љуби, мале,
дури е млада.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Радио студио Скопје, Ленче Марковска - Цвеќе цутеше

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Радио студио Скопје
  2. Ленче Марковска