Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Мајка (песна за Лерин)

- Еј мајко моја, сакана и мила,
кажи каква тага в' срце ти си скрила?
- Пред многу години, под ведро небо
во градот Лерин родена сум чедо.

- Еј мајко моја, сакана и мила,
кажи каква тага в' срце ти си скрила?
- Пред многу години, тирани клети
нè избркаа, сине, од домови свети.

- Еј мајко моја, сакана и мила,
кажи која желба последна би ти била?
- Пред да умрам, сине, Егеј јас да видам,
барем уште еднаш Лерин да си видам.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Петранка Костадинова - Мајка (песна за Лерин)

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Петранка Костадинова