Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Кажи, кажи ќерко

- Кажи, кажи, ќерко Славко,
што си плакала,
што си плакала, ле ќерко,
што си сакала?

- Дилми ме питаш, мори мајко,
јас ќе ти кажам,
ако знаеш, мори мајко
и ти ќе плачеш.

Писмо добив, мила мајко,
од града Солуна,
од града Солуна, мајко,
од Николијата.

Во писмо пише, мила мајко,
да се армасам,
да не го чекам, мила мајко,
Николијата.

Как' ќе му заб'равам, мајко,
белото лице,
белото му лице, мајко,
пресно сирење?

Арам да му се, мила мајко,
бел'те чурапе,
да ги носе, мила мајко,
да не ги ќердосе!

- Ним го к`лни, мила ќерко,
Николијата,
писмото е напишано
од другарите му.

Тие сакаат, мила ќерко,
да ве разделат,
да ве разделат, мила ќерко,
но не ќе можат.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Непознат изведувач - Кажи, кажи ќерко
  2. Славка Чрчева, Томе Чрчев - Кажи, кажи ќерко

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Непознат изведувач
  2. Славка Чрчева
  3. Томе Чрчев