Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Писмо

Зората си зори, мајка дворој мети,
после двајсе лета татко од гурбет си иди,
дома, пусто, да се прибери.

- Мамо мила, мамо, оти прсти кршиш?
Оти прсти кршиш, мамо, оти очи криеш,
јанѕа имаш ти што не спиеш?

Кучињата лаат, први петли пеат,
и на порти некој торпа, в' гради срце скокна,
ете ни го домаќинот!

Стрча мајка боса, резето го тргна,
а пред порти само писмо, и во писмо абер:
си го прости господ Стојана.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Анета Мицевска, Молика - Писмо

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Анета Мицевска
  2. Молика