Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Стариот фенер

Под старите кули, в' меана една
песни мераклиски ечат.
Тамбури свират, виолината плаче,
боемите рани си лечат.

Стариот фенер згаснува,
се губи трепетниот сјај,
уморни тамбурашите
свират фајронт за крај.

Кранфили бели, црвени рози
продава младата дама.
Заматен поглед, убавица млада,
сонува тажна и сама.

Стариот фенер згаснува,
се губи трепетниот сјај,
уморни тамбурашите
свират фајронт за крај.

Во мугра се капе езерото сино,
последна тура се плаќа.
Чашите горе и здравица една
за новиот ден што се раѓа.

Стариот фенер згаснува,
се губи трепетниот сјај,
уморни тамбурашите
свират фајронт за крај.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Цар Самуил, Захаринка Милосављевиќ - Стариот фенер

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Цар Самуил
  2. Захаринка Милосављевиќ