Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Наздрави за љубов

Ако грб ти сврти животот,
кога нешто не оди,
застани и насмеј се,
избриши ги солзите.
Кога иде крај на сè,
немаш сили повеќе
и тогаш не заборави
идат добри денови.

Наздрави за љубов,
наздрави за среќа,
наздрави за секој ден,
животот е еден
и тој не е вреден
ако не го живееш.

Ако некој те разочара,
пријател ил' роднина,
или те напуштила
љубовта најголема,
тогаш само помисли
и нагоре погледни,
има господ, гледа сè
и мисли добро за тебе.

Наздрави за љубов,
наздрави за среќа,
наздрави за секој ден,
животот е еден
и тој не е вреден
ако не го живееш.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Јордан Митев - Наздрави за љубов

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Јордан Митев