Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Ника, Ника Марика

Боже, боже што ми стори,
уште срце да ми гори?
Да сонувам нејна лика,
да ја сонувам Марика?

Ника, Ника, Ника, убава Марика,
ми остави само слика.
Ми избега мојата Марика
со два нови свршеника.

Малку беше што те молев
и на тебе што ти зборев.
Малку беа куќи, дворој,
мојте песни, мојте зборој.

Ника, Ника, Ника, убава Марика,
ми остави само слика.
Ми избега мојата Марика
со два нови свршеника.

Боже, боже што ми стори,
уште срце да ми гори?
А јас немам толку сила
да те вратам, моја мила.

Ника, Ника, Ника, убава Марика,
ми остави само слика.
Ми избега мојата Марика
со два нови свршеника.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Група Кода - Ника, Ника Марика

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Група Кода