Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Сакам да сум крај тебе

Потпри се на градиве
да ја сетиш таа возбуда
и тој оган што не запира,
да го згасниш во себеси.

Сакам да ти влезам во срцето,
ноќе да ти спијам во очите,
тајно да ти умрам во душата,
сакам да сум крај тебе.

Допри ми го лицево
за да сетиш дел од животов,
таа луња што не запира
да ја скротиш во себеси.

Сакам да ти влезам во срцето,
ноќе да ти спијам во очите,
тајно да ти умрам во душата,
сакам да сум крај тебе.

Погледни во небото
да ја сетиш таа празнина,
на тој облак што се задава
да ја сфатиш судбината.

Сакам да ти влезам во срцето,
ноќе да ти спијам во очите,
тајно да ти умрам во душата,
сакам да сум крај тебе.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Ефто Пупиноски - Сакам да сум крај тебе

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Ефто Пупиноски