Китка ми шарена

(Трендафилчето, каранфилчето)

Ако да се главиш, мене да си кажеш,
Доне, Доне мамино.
Јазе да ти купам шарено фустанче,
Доне, Доне мамино.

Кара, каранфилчето, трендафилчето,
китка ми, китка ми шарена, немирисана.

Кога ќе го носиш, алтани да броиш,
Доне, Доне мамино.
Кога ќе заиграш, сонцето да запреш,
Доне, Доне мамино.

Кара, каранфилчето, трендафилчето,
китка ми, китка ми шарена, немирисана.

Момче кога земаш, фустан ќе прежалиш,
Доне, Доне мамино.
Момче кога љубиш, срце ќе прежалиш,
Доне, Доне мамино.

Кара, каранфилчето, трендафилчето,
китка ми, китка ми шарена, немирисана.