Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Собрале ми се набрале нашите лични ергени

Собрале ми се набрале
нашите лични ергени,
оф, леле мале ле,
на орото да одат,
оф, леле мале ле,
убави моми да лажат.

Ергени оро фатија,
момите ми се пуштија,
оф, леле мале ле,
пусти ми биле ергени,
оф, леле мале ле,
застрамија момите.

Ерген на моми думаше:
- Елате моми на оро,
оф, леле мале ле,
невеста да си бендисам,
нф, леле мале ле,
убава мома гиздава.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. МФГ Огражденска четворка - Собрале ми се набрале нашите лични ергени

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. МФГ Огражденска четворка