Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Седнала Ратка да ткае

Седнала Ратка да ткае
на комшиското разбојче.
Само што ми Ратка седнала
брдото го искршила.

Викнала Ратка да плаче:
- Оф леле боже, до бога!
Мене ми се скрши брдото,
брдото беше комшиско.

Ја дочуло момче кратовче
и на Ратка вели, говори:
- Не плачи Ратке, не жали,
јас ќе ти брдо направам.

Јас ќе си одам в' планина
да си наберам тревчиња.
Брдото ќе ти направам
и ќе те земам за невеста.
Забелешка: „Брдо“ е дел од разбојот за ткаење кој личи на чешел и низ кој се воведува основата. Се користи за раздвојување и оставање проред меѓу нишките на основата, да го води движењето на совалката низ разбојот и да го натиснува јатокот на своето место.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Васка Илиева - Седнала Ратка да ткае

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Васка Илиева