Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Сал ти ле се најде бабо

Сал ти ле се најде бабо
од олкаво село, бабо,
од олкаво село,
зелник да ми месиш бабо,
со шугави раце бабо,
со шугави раце?

Кафе да ми вариш бабо
с' гурелави очи бабо,
с' гурелави очи.
Кога ти ќе тураш бабо,
па не ми е слатко бабо,
па не ми е слатко.

Комшии кажуваат бабо,
арна мома имаш бабо,
арна мома имаш.
Искарај не, слатка бабо,
доведи момата бабо,
доведи момата.

Доведи момата бабо,
заглави вратата бабо,
заглави вратата.
Сол и леб да јадам бабо,
па слатко ќе ми е бабо,
па слатко ќе ми е.
Забелешка: „Гурелави очи“ се очи со гурелки (засушен слуз).

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Монистра - Сал ти ле се најде бабо

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Монистра