Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Сенка дебела

Од поста излегла девојка,
на брата си говорит:
- Брату ле, брате Стојане,
подај ми вода, леле, студена.
Брату ле, брате Стојане
најди ми сенка дебела.

Стојан ѝ веле, говоре,
на сестра си говорит:
- Сестро ле, сестро Елено,
тук' нема вода, леле, студена.
Сестро ле, сестро Елено,
nи има сенка дебела.

Стојан ѝ веле, говоре,
на сестра си говорит:
- Дојди во гора зелена,
донеси вода, леле, студена.
Дојди во гора зелена,
там' има сенка дебела.
Забелешка: Поста е просторот кој го зафаќа еден жетвар при жнеењето.
I do not have a recording of this song. Do you? Help this collection by sending it to [email protected]. Thanks!